БЕСПЛАТНА ДОСТАВА ЗА НАРАЧКИ НАД 3000ден

Мопи онлајн продавница за детска и бебе облека
Мопи онлајн продавница за детска и бебе облека

Општи услови за користење

Мопи онлајн продавница за детска и бебе облека

● Не постои минимален износ за порачка;

● Купените производи се испорачуваат до предвидената адреса во рок од 72 часа, освен доколку нарачката е направена за време на викенд, рокот започнува да се смета од првиот нареден работен ден. Времето за викенд (сабота и недела) не се засметува во рокот за испорака;

● Доколку има активни промоции, постои можност Вашите производи да бидат испорачани во рок од 10-14 работни дена.
потрошувачот кој направил успешна нарачка во случај да не е извршено плаќање, се обврзува дека ќе ја плати договорената сума;
потрошувачот е должен да го провери производот при испораката и евентуални дефекти да ги пријави во рок од 24 часа на [email protected];

● Потрошувачот има право да бара замена на производот доколку му е доставен различен производ од порачаниот;

● Моpi.mk е одговорeн за штетата што евентуално ќе е предизвикана од недостатоците на нејзините производи.

● Во случај да производот има недостатоци, потрошувачот може по свој избор да бара:
– бесплатно отстранување на недостатоците на производот или надомест на трошоците направени за отстранување на недостатокот;
– сразмерно намалување на продажната цена;
– замена на производот со соодветен производ со иста трговска марка,

Права од интелектуална сопственост

МОПИ ЕМ 22 е носител на правата од авторско право на целата веб страна www.mopi.mk како и нејзините содржини. Не е дозволено било какво копирање, споделување, објавување или користење на овие содржини за комерцијални цели без писмена согласност од страна на МОПИ ЕМ 22.

Плаќање и достава
Условите за плаќањето и доставата може да ги најдете тука.

Рекламации
Откако ќе Ви биде доставена нарачката, потрошувачот е должен да ја провери нарачката и доколку на неа има видливи оштетувања или производот не е во согласност нарачка, ве молиме да не известите телефонски 071555665 или пак да ни пратите е-маил со Вашето име, презиме, телефон и број на нарачка на [email protected] со тоа што должни сте да ги објасните причините поради кои сакате да направите замена или пак враќање на нарачката.

Потрошувачот е должен да не контактира најдоцна во рок од 24 часа од приемот на нарачката. Откако ќе го примиме Вашето барање, Вие ќе известени за понатамошните чекори во најкраток можен рок.

Процес на регистрација и најавување на нашата веб страница

Сите лични податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација се користат за исполнување на договорната обврска на контролорот т.е. за успешна достава на производите и реализација на плаќањето, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Личните податоци кои секој корисник/потрошувач ги внесува при регистрација на нашата веб страница за кориснички профил се:

Име;
Презиме;
Е-маил;
Лозинка;
Телефонски број;
Град,
Адреса.
Напред наведените личните податоци со исклучок на е-маил адресата се внесуваат откако корисникот ќе се регистрира, а заради вршење на испорака на нарачката на корисникот.

Личните податоци кои секој регистриран корисник/потрошувач ги внесува при најава на нашата веб страница се корисничко име/е-маил и лозинка.

Овие лични податоци ние ги користиме исклучиво за исполнување на нашите договорни обврски, т.е. испорака на Вашите нарачани производи.

Исклучиво потрошувачот има пристап до неговиот кориснички профил и ние не ги знаеме Вашите лозинки, туку тие се криптирани. Исто така, лозинката може да ја промените во било кое време.

Исто така, Вашата е-маил адреса ја користиме за целите на директен маркетинг кои ги врши Mopi.mk, и за кој има донесено и технички и организациски мерки за безбедноста на Вашите лични податоци.

За целите на директен маркетинг, потребно е да ја добиеме Вашата експлицитна и недвосмислена согласност со селектирање на опција за добивање на известувања за промоции за што Ви даваме избор кога ја вршите регистрацијата на Вашиот профил на www.mopi.mk со селектирање на опцијата „Сакам да добивам известувања за промоции и новости“. Доколку ја селектирате таа опција, Вие станувате дел од нашата база на корисници за директен маркетинг и ќе бидете известувани во иднина за нашите промотивни настани, промоции и новости.

Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци?

Ние ги чуваме Вашите лични податоци само колку што е потребно за да се постигне целта за која се собрани, да ги задоволиме Вашите потреби и барања или да ги почитуваме нашите законски обврски за исполнување на договорите кои ги имаме склучено со Вас.

Исто така, Вашите лични податоци може да ги задржиме и откако ќе се исполни целта за која се собрани, доколку тоа се бара со Законот за заштита на лични податоци или со друг закон или доколку се води било каква постапка пред надлежните органи.

Доколку имате дадено експлицитна согласност за директен маркетинг, ние ќе ги задржиме Вашите лични информации сè додека не ја откажете Вашата согласност или не побарате од нас да ги избришеме личните информации и да го прекинеме известувањето.

Политика на приватност
МОПИ ЕМ 22 ја почитува приватноста на потрошувачите како едно Вашите основни права, па со оглед на тоа се грижиме за Вашите лични податоци со должно внимание.

Сите посредувани информации се сигурни, за што имаме склучено и договори со добавувачите и тие под ниту еден услов нема да бидат отстапени на трети лица.

Сите информации кои ги споделуваме со трети лица се со цел Mopi.mk да ја исполни својата договорна обврска кон потрошувачите во врска со испораката на производите. Исто така, за потребите на користење на информации за директен маркетинг, како и за дополнителни информации за тоа кои лични податоци ги собираме од Вас и за кои цели, Ве молиме да ја прочитате нашата политика за приватност.

Промена на општите услови

Било каква промена на овие општи услови како и промена на политиката на приватност, ќе биде извршена согласно законите и за било која промена сите потрошувачи ќе бидат известени преку е-маил известување.

Овие општи услови се последно ажурирани на ден 18 октомври 2022 година.

Кошничка0
Нема продукти
Продолжи со Купување
0
preloader